| четврток, 6 декември 2018 |

Бендевска: Референдум е одлучување, никако консултација

Референдум е одлучување, никако консултација, вели поранешната пратеничка од редовите на СДСМ по денешната изгласана одлука во маедонското собрание.

– И не смее да се користи за манипулација со изјаснувањето на мнозинството, оти последиците можат да бидат несогледливи во иднина. Референдум е ОДЛУЧУВАЊЕ, никако КОНСУЛТАЦИЈА. Освен во случаи веќе предвидени со закон, кои се однесуваат на дејствија од страна на властите ПРЕД да влезат во преговори или да склучуваат некакви договори – вели Бендевска.

Претходно и Екс потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев реагираше на денешната одлука за референдум.

Гордан Георгиев: Македонијо партал си!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top