| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас ги посети опожарените региони во Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, без претходна најава и далеку од медиумите и новинарите, денеска ги посети населбите погодени од минатонеделниот пожар, јави дописничката на МИА од Атина.

Посетата траеше околу еден час. Премиерот ги посети Аргири Акти, Рема во Кокино Лиманаки, но и Координативниот центар на противпожарната служба и војската, соопшти Кабинетот на Ципрас.

Во соопштението се наведува дека за време на посетата, Ципрас разговарал со граѓани, пожарникари и војници, а за ситуацијата бил извесетен од заменик началникот на противпожарната служба, но и од инженерите од Министерството за инфраструктура кои што се на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top