| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Ова се тешки времиња за Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кој ја прекина посетата на Босна и Херцеговина поради големите пожари во околината на Атина, изјави дека ова е тешко време за Грција. Според последните податоци во пожарите настрадаа 54 лица, додека околу 150 се повредени.

-Во овој момент има повеќе од 600 мажи и жени пожарникари кои се на терен, како и повеќе од 300 визила за гаснење на пожарите – рече Ципрас и апелираше до граѓаните да се вклучат во акцијата за спасување. Тој додаде дека целиот државен механизам е ангажиран со цел да се намалат последиците од катастрофата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top