| четврток, 6 декември 2018 |

Модриќ доби понуда која не се одбива, ќе заработува повеќе и од Роналдо?

Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија, а наскоро би можел да го потпише договорот на кариерата. Барем кога станува збор за финансиите.

Играчот за врска, кој е во есента на својата кариера, доби неверојатна понуда од Кина!

Имено, хрватските медиуми пренесуваат дека еден неименуван клуб од Далечниот Исток испратил понуда на адреса на суперѕвездата од Реал Мадрид.

– Лука Модриќ во рацете денеска држи неверојатна понуда. Кинезите се подготвени да му даваат годишна плата од 40 милиони евра. Секако станува за нето износ – порачува „Спортски Новости“.

Во случај да ја прифати понудата од Кина, Лука Модриќ ќе стане еден од најплатените фудбалери на светот, односно ќе има поголема плата од Нејмар и Роналдо, а пред него ќе остане само Меси. Модриќ во моментов заработува осум милиони евра годишно во Реал Мадрид. Меѓутоа, Кинезите покрај платата на Модриќ, ќе мораат да платат и обештетување за него, бидејќи хрватскиот репрезентативец има договор со „кралевите“ до 2020. година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top