Борусија Дортмунд се засили со одличниот ерменски репрезентативец Хенрик Мхитаријан од Шахтјор Донецк, за сума од 25 милиони евра, што е клупскиот рекорд, кој досега го држеше трансферот на Марсио Аморосо.
Сега Мхитаријан е играчот за кого „милионерите“ платиле најмногу пари, а 25-годишниот офанзивец потпиша договор што важи до 2017 година.
Мхитаријан се наметна со одличните игри во Шахтјор Донецк, а во сезоната што измина беше најдобар стрелец во украинското првенство со 25 погодоци.
Мхитаријан ќе биде трето засилување за „милионерите“ откако претходно во составот на Јирген Клоп пристигнаа и Сократис Папастадопулос од Вердер и Пјер-Емерик Обемајонг од Сент Етјен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија