Дилемите се решени, Наумче Мојсоски и во наредната сезона ќе го носи дресот на ракометниот вицепрвак. Информацијата ја потврди Мојсоски во изјава за „Вест“.
– Се договоривме, останувам во Металург! Добив уверување од спонзорот дека клубот и во наредниот период продолжува со истите амбиции. Премногу фама се крена околу тој наводен список за бркање играчи и мене, секако, немаше да ми одговара да играм во драстично подмладен тим – вели Наумче.
Освен што е познато дека дел од интернационалците веќе си најдоа нов клуб (Ракчевиќ во Грција, Батиновиќ во Франција), Металург сѐ уште не се изјаснил официјално што ќе биде со останатите играчи кои, наводно, требаше да бидат ослободени од обврските. Меѓу нив сигурно нема да биде Златко Мојсоски, кој има договор и за следната сезона.
Неизвесна е иднината на Дарко Станиќ, за кого Металург бара шестцифрено обесштетување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.