| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот голем талент од Сиудад Реал, Никола Кеџо, го засили Металург

Некогашното чудо од дете на хрватскиот ракомет, Никола Кеџо, потпиша 2-годишен договор со Металург и ќе му биде замена на Ренато Вугринец на позицијата десен бек.

Кеџо има 25 години и е висок 204 сантиметри, а доаѓа од унгарското првенство. На 17-годишна возраст, талентираниот десен бек потпиша 6-годишен договор со шпанскиот клуб Сиудад Реал, во тој период веројатно и најсилната екипа на светот.

Хрватскиот ракометар има играно за неколку шпански екипи, настапуваше и во Германија, а оттаму се врати во хрватското првенство и две сезони играше за Нексе. Последен клуб пред да го засили Металург му е унгарскиот Чургу.

„Иа­ко имав уште ед­на го­ди­на од до­го­во­рот со Чур­гу, по по­ви­кот на тре­не­рот Ли­но Чер­вар без се­кун­да дво­у­ме­ње при­фа­тив да играм за Ме­та­лург, клуб со го­ле­мо име и свет­ла ид­ни­на во ра­ко­мет­на Евро­па. Сме­там де­ка ова ќе би­де го­лем им­пулс за мо­ја­та  ка­ри­е­ра и ќе да­дам сѐ од се­бе за да по­мог­нам во ос­тва­ру­ва­ње­то на за­цр­та­ни­те це­ли на клу­бот. Ме­та­лург гра­ди мла­да еки­па под ра­ко­водс­тво на до­ка­жан стручњак ка­ков што е Чер­вар. Се ра­ду­вам што ќе би­дам дел од не­го­ви­от тим, а осо­бе­но сум сре­ќен што ќе пре­сто­ју­вам во еден пре­у­бав град ка­ков што е Скоп­је“, изјави Кеџо за веб-сајтот на РК Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top