Иако веќе е јули, период кога Битола обично е полна со иселениците кои во лето се враќаат во „стари крај“, годинава Широк Сокак се уште не наликува на „Австралија опен“. Македонците кои за подобар живот се преселиле во Австралија, Америка, Канада, Шведска не пропуштаат сезона, а да не ги наполнат хотелите, кафаните, дискотеките, но Битола засега останува полупразна.

Битола и Широк Сокак во сабота
– Најверојатно е општата економска ситуација, авионските карти се поскапи. За разлика од лани има помалку печалбари, барем досега, но за понатаму ќе видиме – изјави Никола Митревски од ТА „Ариес“ за битолската телевизија „Тера“.
Иако цените за сместување годинава се значително намалени, освен поголемите групи на странски туристи и во Охрид засега нема туристи.
– Има доста туристи од земјите на Бенелукс, ние имаме секоја недела по 1-2 автобуси од Полска кои доаѓаат во Охрид во кружните тури, но Охрид не е полн како што треба да биде. Домашни туристи има само за викенд – вели Митревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
ИФФК „Браќа Манаки: Оскаровецот Роџер Дикинс се запозна со тимот на фестивалот (галерија)


