На реномираната британска медиумска куќа „Би-Би-Cи“ воопшто не ѝ се погоди 127. издание на Вимблдон. На двапати се извинуваа, еднаш не по своја вина, за пцостите на Енди Мареј среде пренос, а потоа и за глупавиот коментар за Мерион Бартоли.
Коментаторот ја навреди новата шампионка поставувајќи прашање, кон аудиториумот.
„Што мислите, дали татко ѝ на Бартоли ѝ рекол како мала дека никогаш нема да биде толку убава и нема да биде Шарапова затоа мора да се бори докрај“.
Бартоли веднаш одговори: „Не ми е важно. Сигурно не сум русокоса и не сонував да бидам модел. Жал ми е, но секако сонував да го освојам Вимблдон. Апсолутно е така.
„Би-Би-Си“ ѝ се извини на Бартоли и на гледачите за непотребниот коментар во текот на финалниот меч во женска конкуренција, во кој француската тенисерка ја декласира Сабине Лисицки со 6-1, 6-4 и ја освои првата гранслем-титула во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


