| четврток, 6 декември 2018 |

На „BBC“ ич не му се погоди Вимблдон, се извинија за пцостите на Мареј, сега бараат прошка и од Бартоли

На реномираната британска медиумска куќа „Би-Би-Cи“ воопшто не ѝ се погоди 127. издание на Вимблдон. На двапати се извинуваа, еднаш не по своја вина, за пцостите на Енди Мареј среде пренос, а потоа и за глупавиот коментар за Мерион Бартоли.

Коментаторот ја навреди новата шампионка поставувајќи прашање, кон аудиториумот.

„Што мислите, дали татко ѝ на Бартоли ѝ рекол како мала дека никогаш нема да биде толку убава и нема да биде Шарапова затоа мора да се бори докрај“.

Бартоли веднаш одговори: „Не ми е важно. Сигурно не сум русокоса и не сонував да бидам модел. Жал ми е, но секако сонував да го освојам Вимблдон. Апсолутно е така.

„Би-Би-Си“ ѝ се извини на Бартоли и на гледачите за непотребниот коментар во текот на финалниот меч во женска конкуренција, во кој француската тенисерка ја декласира Сабине Лисицки со 6-1, 6-4 и ја освои првата гранслем-титула во кариерата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top