| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски кратеше трошоци, Заев купува лимузини: Ништо од домаќинлакот на Заев!

Во кампањата за изборите во 2016 година, како и во владината програма се вели дека ќе се грижат на кој начин се користат парите на граѓаните, дека истите нема да ги трошат на непотребни работи.

Сето ова беше кажувано и минатата година, кога се правеше ребалансот за Буџетот за 2017-та година, но и кога се носеше оној за 2018-та година.

Што покажува праксата по нешто повеќе од една година откако владата е предводена од Зоран Заев?

Сега власта одлучи да потроши околу 1,7 милиони евра пари на граѓаните за да си купи нови возила, од најлуксузната линија на Фолксваген, Пасат. Документите се објавени на страницата за јавни набавки. Фактите велат договорот е склучен меѓу Службата за општи и заеднички работи при владата, купени се возила од Порше.

45 возила за 1,7 милиони евра: Владините функционери ќе се возат во луксузни пасати

Тендерот е распишан во мај годинава, а на него се пријавила само една компанија која е и избрана за набавката. Станува збор за 45 возила кои граѓаните ќе ги чинат околу 1,7 милиони евра или секое возило чини околу 40 илјади евра.

Ова е сосема спротивно од она што го говореа, а и го напишаа во својата програма.

-Јавните тендери се важен канал за распределба на собраните пари од граѓаните преку буџетот. Оваа распределба треба да биде ефикасна – максимално да ги штити интересите на даночните обврзници, но и правична – насочена кон што поголем број на субјекти, се вели во програмата на СДСМ за изборите во 2016 година.

Во првото интервју како премиер Заев категорично рече дека ќе сопрат сите непродуктивните трошоци.

Во договорот потпишан од актуелната влада, неодамна, пак стои дека сите автомобили се луксузни, односно репрезентативни, што значи дека во нив ќе се возат ВИП личности.

Се поставува прашањето зошто владата троши милиони за скапи коли, кога спорниот Mерцедес е единственото блиндирано возило кое го има Република Македонија, а ги исполнува највисоките безбедносни протоколи согласно светските стандарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top