| четврток, 6 декември 2018 |

Врие во ЕЛЕМ: Вработените да се заштитат се самоогранизираат во свој синдикат!

Состојбата во ЕЛЕМ е пред точка на вриење, врз вработените во претпријатието се врши секојдневен прогон, притисок и политички реваншизам, а истовремено сите проекти на компанијата се запрени. Вработените прашуваат дали е ова животот кој власта го ветуваше?

Имено токму поради проблемите кои ги имале со новото раководство вработените во АД ЕЛЕМ, се самоорганизирале во синдикат со потписи од преку 2500 работници, што претставува 90 проценти од целокупниот број на работници. За лидер на синдикатот работниците ја избрале Јасмина Димовска, која екс пратеникот на СДСМ , а сегашен директор на претпријатието Васко Ковачевски насилно ја сменил. На нејзино место тој го поставил Мендо Фидановски кој вработените го нарекуваат ,,долгогодишен тендераш, париски војник и послушник на СДСМ’’.

-Новото раководство на АД ЕЛЕМ кое го постави СДСМ направи се за да го партизира новиот синдикат. Имено ние работниците, веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ, за да се самозаштитиме од политички реваншизам, се самоорганизиравме и одлучивме да си основаме сопствена синдикална организација. За наш претставник едногласно ја избравме Јасмина Димовска, доказ за тоа се 2500 пристапници кои и ги доверивме неа. И покрај тоа Васко Ковачевски ги искористи сите средства и на крајно нехуман и шверцерски начин ја смени од позицијата претседател на истиот, а на нејзино место го назначи Мендо Фидановски, долгогодишен тендераш, партиски војник и послушник на СДСМ. Ова е преседан во историјата директор да се меша во работата на синдикатот, и да оди преку волјата на 2500 работници, кои претставуваат преку 90% од целокупниот број на работници. И додека се врши политички реваншизам и секојдневен прогон и притисок врз нас, сите големи проекти стагнираат. Количеството на јаглен на депонијата е минимално,Зарем е ова “животот” за сите кој СДСМ го ветуваше предизборно?
Бараме итен прекин на заложништвото на синдикатот и враќање во рацете на работниците…
Со почит 2500работници при АД ЕЛЕМ-Рек Битола – велат од синдикатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top