Учесниците на самитот на Алијансата во Брисел во паузите од состаноците ја гледаа завршницата на полуфиналниот меч на фудбалското Светско првенство (СП) меѓу Хрватска и Англија.
Премиерката на Велика Британија Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама ја искористија паузата на состанокот во седиштето на НАТО макар и на мобилен телефон да ја гледаат завршницата на возбудливиот фудбалскии натпревар во кој Хрватска со пресврт се пласираше во финалето на Мундијалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.