| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими асистира, Марибор освојува пехари, ПСВ Ајндховен се интересира за македонскиот репрезентативец

Агим Ибраими се врати во составот на Марибор и одигра фантастичен меч во победата од 3-0 над Олимпија во Суперкупот на Словенија, за нов пехар на шампионот. По повредата што му се случи на тест-натпреварот со Локомотив Москва, македонскиот репрезентативец се врати навреме и со три прекрасни потези беше еден од најзаслужните за триумфот на Марибор во Целје.

При првите два гола, Агим асистираше до стрелците Тавареш и Мезга, а учествуваше и во акцијата за третиот гол. Со одличните игри во Марибор, тој го сврте вниманието на големите клубови. За „десетката“ на словенечкиот шампион се интересира холандскиот гигант ПСВ Ајднховен, па можно е наскоро Ибраими да се пресели на „Филипс арена“ во Ајндховен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top