Македонскиот премиер Зоран Заев во Сараево ќе добие „Златна плакета- Европска личност на годината“ што ја доделува Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешни европски менаџери и личности.
Покрај изборот за најдобри личности и менаџери на компании за 2018-та, Агенцијата организира и меѓународна конференција за можностите на развојот во регионот, особено во ИТ секторот.
На традиционалната манифестација е најавено присуство на околу 500-тини најуспешни бизнис лидери од Европа и од светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.