| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за култура, Асаф Адеми се сретна со претставници на ТИКА

Министерот за култура Асаф Адеми се сретна со координаторот на програмската канцелерија на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) – Скопје, Ајтекин Ајден.

Министерот Адеми на средбата ја изрази својата благодарност до ТИКА и до Република Турција за сите досегашни донации, коишто се доказ за добрата соработка и поддршката од страна на ТИКА и Република Македонија во сите сфери, а особено во заштитата на културното наследство. На средбата се разговараше за идните можности за соработка помеѓу Министерството за култура и ТИКА, како и за инвестициите и поддршката од страна на ТИКА за националните установи од областа на културата.

Во изминатиот период, со Турската интернационална агенција за обнова и развој се реализирани многу важни проекти од областа на културата, како што се обновата на роднинската куќа на Ќемал Ататурк во Коџаџик,  обновата на спомен собата на таткото на современа Турција во битолскиот завод и музеј, конзервација и реставрација на културното наследство од Отоманскиот период, а ТИКА пред извесен период донираше техничка опрема на Националниот конзерваторски центар на Македонија како и многу други проекти.

Турската интернационална агенција за обнова и развој (ТИКА) од 2005 година па наваму, во Македонија спроведе повеќе од 850 проекти во повеќе сектори, од образованието до здравството, од социјално-културната соработка до земјоделството и сточарството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top