Црногорец синоќа се обидел да се обеси на електричен столб пред седиштето на Владата на Црна Гора во Подгорица. Бил спречен од случаен минувач и од полицаец од владиното обезбедување.
Се работи за извесен Дејан Гашиќ кој бил во очај поради безизлезната ситуација во која се наоѓал. Неговиот дом изгорел во пожар пред повеќе од еден месец и тој со сопругата и осумте деца останал на улица. Барал помош од надлежните за решавање на неговото станбено прашање, но и лошата економска состојба, но без исход. По загубата на домот, во знак на протест, но и надеж дека некој ќе му помогне со семејството живеел пред зградите на Владата и на Собранието на Црна Гора.
По неуспешниот обид за самоубиство, Гашиќ во моментов се наоѓа во Клиничкиот центар во Подгорица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


