| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прифати промена на името

vmro-dpmne-sdsmСакаме да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ дека токму Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи во владата на Никола Груевски, со својот потпис до генералниот секретар на Обединетите Нации, потврди дека во 2008 година премиерот Никола Груевски се согласил за промена на нашето уставно име во Република Македонија (Скопје), без објаснување за ниту еден од деталите кои денес ги бараат од опозицијата – стои во реакцијата на  СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на заменик потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, за Радио Слободна Европа.

-Затоа, најблаго речено, неумесна е денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ, да поставуваат прашања до СДСМ, а притоа пет години да ја држат во информативен мрак и јавноста и Собранието за преговарачкиот процес и за позициите со кои настапуваат пред посредникот Нимиц – додаваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top