| четврток, 6 декември 2018 |

Не е војната, туку дрогата: Откриена причината за заминувањето на Шаќири од Косово!

Гранит Џака и Џердан Шаќири се најдоа во центарот на светската јавност, откако головите за Швајцарија против Србија на Светското првенство ги прославија со „летање орли“.

Двајцата се со потекло од Косово и со тоа ги испровоцираа Србите. ФИФА ги казни поради славењето со објаснување дека тоа е политичка провокација. Шаќири објасни дека прославил на тој начин поради војната на Косово и се што неговото семејство трпело од српските власти во минатото.

Српските медиуми се позанимаваа малку со минатото на фудбалерот и открија дека семејството на Шаќири се преселило во Швајцарија не поради војната, туку од други прични.

Дедото на Џердан Шаќири и неколку други лица во 1988 година бил фатен со дрога на грчко-југословенска граница (веројатно на македонската граница). Фудбалерот е роден две години подоцна, но откако голем дел од неговото семејство завршило зад решетки, таткото на Џердан бил приморан да го напушти Косово и да го остави мрачното минато зад себе, пишува „Еспресо“.

Неговото семејство се преселило во Швајцарија во 1991 година, долго пред да почне војната на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top