| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот советник на Заев: Да имавме оружје, Македонците ќе ги протеравме во Бугарија

Новиот советник на премиерот Заев во областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, Џезир Шаќири, алис Командант Хоџа, во 2014, изјави дека Албанците требало да ги протераат Македонците во Бугарија.

Да имавме оружје како Македонците, ќе ги протеравме до Бугарија, рече Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа за порталот Алмакос коментирајќи ги изјавите на генералот Тејта и Стојанче Ангелов за случувањата во Арачиново во 2001 година. Токму Хоџа командуваше со припадниците на ОНА во Арачиново.

-Човекот се гледа по делата, а не по зборовите. Ако го имавме оружјето што го имаа Македонците, ќе ги протеравме нивните војници до Бугарија– рече Хоџа за Алмакос.

Инаку, утринава владата потврди дека командант Хоџа е времено ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, соопшти денеска владината прес-служба.

Како што се наведува во соопштението, Шаќири има времен договор со времетраење од една година со висина на примања од 36.000 денари месечно.

Шаќири, кој е познат како командант Хоџа, по информациите и реакциите викендов дека е назначен за советник за безбедност, на својот Фејсбук профил напиша дека „ја добил функцијата за да преживее“.

– Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене, напиша Шаќири на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top