| четврток, 6 декември 2018 |

Ирена Риситиќ: Аргирова, Шаќири, Јанески се полтрони, СДСМ лицемерни

Ирена Ристиќ, една од најгласните „шарени револуционерки“ е лута што Санта Аргирова, Огнен Јанески и Нора Шаќири ќе бидат наградени од страна на СДСМ со ново работно место со висока плата.

Веќе неколку дена актуелна е темата за  вработувањата на Нора Шаќири и Огнен Јанески во оделот за односи со јавност во СЈО. Од друга страна Санта Аргирова е кандидатот на СДСМ за уредник во МТВ. Во целава приказна ја нема Ирена Ристиќ, која како една од најгласните „шарени револуционери“ е лута, бидејќи таа не влегува во комбинација со која подолгорочно ќе биде наградена за „одработеното“:

irena-ristic-2-Ако се планира да се продолжи со жмровска методологија при распределба на позиции и средства, по принципот на блискост и симпатии, да не речам а ќе речам-полтронство, а не стручност, искуство и посветеност, онда не гледам зошто би гласале за таа некоја си нова опција и нејзините спроведувачи. Стариве бар си ги знаеме со години! Дај да не мењаме ништо. Супер е вака, напиша Ристиќ на Фејсбук.

Ристиќ, своите до вчера „интелегентни, посветени, експерти браќа соборци“ денеска ги нарече нестручни, неускусни и полтрони.

За неа, СДСМ кои до вчера беа единствена опција за излез од „диктатурата“, денеска се поголеми диктатори од оние по кои плукаше жестоко, до пред некое време.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top