Фудбалерите на Швајцарија Гранит Џака, Џердан Шаќири и Стефан Лихтштајнер нема да бидат отстранети од натпреварите на Светското првенство во фудбал, туку само ќе бидат парично казнети, објавија од ФИФА.
Дисциплинската комисија при ФИФА отвори дело поради начинот на славење на погодоци во натпреварот со Србија (2:1) на Шаќири и Џака. Тогаш двајцата се радуваа на головите, имитирајќи го двоглавиот орел од грбот на Албанија. Тие се казнети со по 10 илјади швајцарски франци.
Лихтштајнер пак е санкциониран, бидејќи во интервју по дуелот ги поддржа своите соиграчи. Тој е казнет со 5 илјади франци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Албанецот бесен на фудбалскиот сојуз на Швајцарија: Очекував подршка, а не ставови од камено доба!
-
Сите зборуваат за провокацијата на Гранит Џака, а ова е преубавата црнка од Косово која го освоила неговото срце
-
Новиот советник на Заев: Да имавме оружје, Македонците ќе ги протеравме во Бугарија
-
Ирена Риситиќ: Аргирова, Шаќири, Јанески се полтрони, СДСМ лицемерни