Фото: Макфакс
Во паркот Жена борец во Скопје изутринава се одбележуваа 70 години од прогонот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Цвеќе пред споменикот положија од Кабинетот на претседателот на државата и од Светскиот македонски конгрес. Присутните извикуваа „Македонија, Македонија“.
-Ова е протест и против договорот за велепредавство меѓу Димитров и Коѕијас- рекоа учесниците. Тие извикуваа „Уа” кога беше споменат договорот со Грција за промена на името.
На манифестацијата беше присутен и Ташко Јованов, претседател на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, кое го донираше споменикот на Андон Јанев Ќосето.
Пред споменикот цвеќе положија делегации на ВМРО-ДПМНЕ, како и на ГРОМ на Стефчо Јакимовски. Присутните ги прозваа и СДСМ да положат цвеќе, но откако не дојде никој, почнаа да извикуваат „Уа”. Откако завршија со полагањето цвеќе отидоа да погледнат изложба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.