| четврток, 6 декември 2018 |

Димков: Зошто Костовски ги навреди Македонците кои се вложиле во изградбите на нова Македонија?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков кој е бегалец од Егејска Македонија денеска го изрази револтот од многуте Македонци кои со потекло од Егејска Македонија по изјавата на поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски. Во интервју за една телевизија Костовски им го одзеде правото на Егејците да ја бранат Македонија.

– Го прашувам господинот Трифун Костовски зошто ги потцени, зошто ги навреди, зошто ги дискриминира Македонците кои се вложиле во изградбите на нова Македонија. Зошто кон овие Македонци кои со многу мака, затоа единствено што биле Македонци, дошле во Република Македонија со таква омраза и таков гнев. Сакам да го прашам зошто досега не реагираше на изјавите на повеќе политичари надвор од Македонија, кои не се Македонци зборуваа против Македонија, изјавуваа изјави кои не се во интерес на целиот Балкан. Зошто сега реагира против еден Македонец кој си ја сака Македонија и се бори да ја зачува таква каква што е унитарна, Македонија заедничка за сите граѓани на Република Македонија – вели Димков.

Тој му порача на Костовски единствено ако сака да му се прости, тоа е човечки и христијански, да се извини на Македонците, на сите Македонци не само на оние по потекло од Егејска Македонија бидејќи, вели нè има многу по цел свет да им се извини бидејќи ќе остане запишан на столбот на срамот на цел век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top