| четврток, 6 декември 2018 |

Велигденска средба на Македонците од Егејот во штипско

zahariev_brest-500

Не постои друг народ во Европа кој толку страдал низ историјата како македонскиот. И по седумдесет години раселени од нивните вековни огништа Македонците од Егејска Македонија и понатаму си ги бараат своите имоти и човековите права за своите браќа во соседна Грција.

За таа цел во текот на претстојниот период ќе се организираат масовни посети на родните краишта во Егејот, посебно при традиционалните празнувања.

-Така ќе им докажеме дека навистина постои македонска нација, дека постои македонски народ, а и тие што се протерани се Македонци- изјави Ташко Јованов- претседател на Здружението- „Македон“

И оваа година по повод Велигден, децата бегалци се сретнаа во манасторот Св. Пантелејмон, кај селото Брест, Радовишко, од каде упатија јасна порака.

-Пораката од овде ќе биде, дека сме Македонци, зборуваме македонски јазик, да се признае малцинството во Р. Грција и дека Македонија гордо ќе застане зад тоа и ќе се бори за остварување на овие човекови права- изјави Јордан Тунев-претседател на здружението „Македонски Егеј“

Правата на Македонците во Грција и во другите соседни земји можат да се остварат само со мудра и мирољубива политика, а од Обединетата македонска дијаспора порачаа дека од Европскиот парламент ќе побараат осуда за геноцидот врз македонскиот народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top