| четврток, 6 декември 2018 |

Бурни реакции на социјалните мрежи: Осуда по изјавата на Трифун Костовски за Егејците

 

trifun k

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по изјавата на поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски кој во гостувањето на ТВ 21 им го одзеде правото на Егејците да ја бранат Македонија. Граѓаните на големо ја осудија ваквата изјава на Костовски.

– Говорникот што денеска е на сите протести за зачувување на Македонија е Македонец, кој што потекнува од Егејскиот дел на Македонија. Зошто не оди да ги брани правата на Македонците во Грција? Овдека каде што јас сум роден, на овие терени со моите Албанци заедно, овдека ме доведоа на работ да јас немам соживот, истакна Костовски.

На вчерашниот протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ изјава даде и прозваниот од Костовски, Борис Дамовски кој е еден од организаторите на граѓанската иницијатива.

– Вчера едно срце тетовирано, поранешен неуспешен градоначалник на овој град, не раздели нас Македонците, на онакви и овакви, некои Македонци биле помалку вредни да се грижат за оваа земја. Јас мислам дека сите што сме тука собрани и низ цела Македонија, знаеме како да ја браниме нашата држава, нашата Македонија и нема да дозволиме ниту еден медиски спин, ниту еден неуспешен пејач, да го раздори ова ткиво, вели Дамовски.

Во продолжение прочитајте и дел од коментарите кои ги зовреа социјалните мрежи и ја осудија оваа изјава на Костовски.

01

 

02

03

04

05

06

07

08

09

11-11

22-22

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top