По изјавата на заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска дека партијата е подготвена за компромисно решение, ВМРО ДПМНЕ прашува каков е тој компромис што Грција би го прифатила, а нема да ги загрози националните и државните интереси на Македонија.
Пред неколку години Шеќеринска ветуваше влез во НАТО и ЕУ за само шест месеци, но никогаш не кажа како планира да го направи тоа. Сега вели дека СДСМ е спремна на компромисно решение, но повторно не кажува какво би било тоа решение, со каков опфат, каква содржина и какви последици за РМ и македонскиот народ. Таа во своите изјави користи воопштени ставови и изрази без никаква прецизна содржина.
Знаејќи ги ултимативните и бескомпромисни позиции на соседна Грција, која никако не отстапува од своите црвени линии, ние повторно ја прашуваме Шеќеринска каков е тој компромис кој Грција би го прифатила, а нема да ги загрози националните и државни интереси на Република Македонија. Ја почитуваме нејзината желба да се профилира како политичар со посебен интерес кон надворешната политика, но ја замолуваме, без воопштени фрази да ни соопшти каков би бил тој компромис што нас не би не загрозил, а Грција би го прифатила, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава


