Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ќе ја промовира книгата „Го силувавме ежот“ од македонскиoт писател и хуморист Марјан Анѓеловски, која ќе се одржи в среда (20 јуни 2018 година) на малата сцена на Универзалната сала, со почеток во 20 часот. Промотор на книгата ќе биде рецензентот Игор Ивковиќ.
На промоцијата ќе биде изведен и дел од драмската претстава работена според книгата, во која, покрај самиот автор, настапуваат уште и: Јасмин Рамани, Петра Ивановска, Сара Николовска, Ивана Стамевска, Огнен Велевски, Ристе Мицевски, Александар Јовановски, Елена Ѓорѓевска.
„Го силувавме ежот“ е драмски наратив во кој преку дејствувањето на главните ликови и развојот на нивната љубовна приказна Анѓеловски го апострофира „лудилото“ на власта, сатирична драма за апсурдното владеење на еден современ режим во рамките на демократско општество, раскажана преку љубовна приказна меѓу млад новинар и проститутка.
По овој драмски текст е работена истоимената претстава од училиштето за театар „Од игра до претстава“ во 2017/2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.