Ненад Мирчевски
Следејќи ја пропагандната машинерија на Заев како со тешки маки ја воспева капитулацијата и очајнички бара светли точки во понижувачкиот договор со нагони за повраќање се потсетувам на 2001 година кога голем дел од овие очајници, тогаш важни и угледни креатори на јавно мислење буквално на ист начин ја убедуваа јавноста дека капитулацијата е за наше добро, дека просперитетот не чека таму зад аголот, дека само треба да подадеме рака, дека е сосема нормално терористи да ни ја водат државата, дека нема ништо лошо во тоа да се амнестираат убијците на стотина македонски херои кои ги дадоа животите за одбрана на татковината, дека тоа не било војна за територии туку за човекови права…
А да… И тогаш, како и сега не убедуваа дека со Охридскиот/Преспанскиот договор ќе се прекинел сонот за прекројување на границите… Какви кретени! Демек, договорот бил клуч за просперитет и благосостојба. И еве, 17 години подоцна, од тој договор видовме и клуч, и просперитет, а Бога ми и благосостојба… Не бе бандо хохштаплерска. Од тоа што го лажевте народот не видовме ништо!
Видовме нова Тиранска платформа со која се надградува претходниот договор на штета на тие што ја чекаа благостостојбата што вие им ја најавувавте со фанфари. Видовме нови борци за човекови права кои на иста финта, овој пат не од Танушевци, туку од Диво насеље, како бараа нови „човекови права“, а ние требаше да им се извиниме што порано не сме им дале…
Истиве овие „мижи Асан да ти баам“ експерти, аналитичари, дипломати, што сега ја бранат одлуката за референдум на Заев преку кој сака да ја оправда капитулацијата, во 2004 година не убедуваа дека „некои прашања не заслужувале одговор“. Па, згора на се, се служеа со исти лаги – по сите весници и телевизии во хор пееја дека со новата територијална поделба ќе се обезбеди напредок на локалните самоуправни единици и подобар живот на граѓаните. Каков напредок гледаме во Струга и Кичево повелете видете сами, или прашајте некој од локалците…
Подоцна, во 2008 година, пред и по Букурешт, повторно истиве лешинари ни солеа памет дека е готово со државата, дека ќе не снема, ќе пропаднеме, ќе банкротираме… Исти зборови, исти фрази, исти закани… Исти срања од оваа банда слушаме со години!
Па, овие што сега ни прогнозираат дека капитулантскиот договор ќе ни донесе просперитет и благосостојба, до пред неколку дена велеа ерга омнес и промена на устав не доаѓа предвид затоа што со тоа се самоуништуваме. Сега, без срам и перде велат „ова е одличен договор, ќе имаме подобра иднина“.
Ма дај, гонете се! Од продавањето на националните интереси нема да видиме ниту аир, ниту мир, а уште помалку просперитет и благосостојба. За напредок и економски развој треба многу труд и работа, а не промена на името. Треба да ги натераме политичарите се откажат од навиката да го крадат народот и националните богатства, а не да се откажуваат од малцинствата и да вршат геноцид врз сопствениот народ. Треба да си го смениме менталитетот, а не името. Новото име нема да не направи подобри луѓе! Наместо да молиме за датум за преговори за членство во ЕУ и за покана во НАТО, треба да засукаме ракави и сами да си ги спроведеме реформите што ќе ни обезбедат развој и подобар живот. Кој не спречува да работиме на реформите за членство и без официјален датум? Кој не спречува сами да си ги отвориме поглавјата и сами да сработиме нешто за наше добро? На крај на краиштата, новите закони без радикална промена на менталитетот на граѓаните кои внимателно ќе следат и одлучно да казнуваат погрешни политики нема да променат ништо во квалитетот на живеење.
Но, тоа сигурно не е во прилог на оваа пропагандистичка банда која наместо да работи на зајакнување на државата и нејзините капацитети, ангажирана е исклучиво да брани туѓи интереси барајќи од граѓаните понизност,покорност, зависност пред странците и нивните марионети… И се така дваесет и кусур години народот голта кнедли, за тие да лапаат мрсно.
Ало бандо хохштаплерска, внимателно! Од многу мрсно да не почне да ви тече низ ногавици…!
пишува: Ненад Мирчевски
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.