| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија – Романија: Ракометарите на крилјата на навивачите во „Борис Трајковски“, водат со пет гола разлика на полувреме

Македонската машка сениорска репрезентација по првото полувреме со Романија води со 15-10, а голманот Борко Ристовски имаше осум одбрани по првите 30 минути.

Чави Пасквал предноста на Македонија во квалитетот одлучи да ја анулира со „седум на шест” во нападот. Во првите две минути тоа вроди плод, Романија набрзина ни даде два гола (2-0). Но, на тоа остана. Лазаров прв го скриши ледот, се надоврза Миркуловски, а Борко бранеше како во „транс” (четири одбрани едно по друго) за серија од 6-0 и водство од 8-2 во 14. минута. Лазаров беше лидерот на серијата од 4-0 за највисоки 15-8 на мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top