| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот “Поврзување” на реномираниот Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол

На 6 јуни 2018, во 18:30 часот, во „Центарот за уметности, локални занаети и традиции“, сместен во стариот дел на Созопол, беше отворена групната изложба на авторите кои се од Република Македонија, но живеат, работат или студираат во Бугарија: Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев, Зоран Мише, Иво Пецов, Слободан Милошески, Горан Тричковски и Павел Целкоски.

Во Киноклубот на читалиште „Отец Паисиј“ следуваат проекциите на македонските филмови “Златна петорка” (2016 г., режисер: Горан Тренчовски) и „Пикасо“ (1987 г., режисер: Аљоша Симјановски.)

Со проектот „Поврзување“, КИЦ на Република Македонија во Софија учествува на реномираниот Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол за четврти пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top