Во Зоолошката градина во Скопје, од понеделник (8 јули) почнува со работа првата летна школа. Зоолошката градина, во соработка со Центарот за креативен развој, ја организира првата летна ЗОО школа. Од понеделник до петок, со почеток од 9 до 11 часот, ќе се водат работилници со забавно-рекреативна и едукативна тематика.
Понеделник: Претставување на учесниците на оригинален ЗОО начин и запознавање со животните од Зоолошката градина.
Вторник: Практикување на ЗОО јога и креативно творење на тема одредено животно.
Среда: Животните претставени преку странските јазици
Четврток: ЗОО натпревар
Петок: Доделување на наградите на победниците и сертификати на учесниците.
На работилниците ќе се работи со дечиња од 6- до 10-годишна возраст. Школата ќе одржи во следните термини: 8, 15, 22 јули и 12, 19, 26 август. Цената на пакет-билет за 5-те работилници ќе изнесува 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.