| четврток, 6 декември 2018 |

Уму Сангаре го затвори Оф-фест

Уму Сангаре, најголемата африканска пејачка која доаѓа од Мали, вечерва (вторник, 5 јуни) од 20:30 часот ќе настапи во Македонската опера и балет и ќе го затвори 17-от ОФФест.

уперѕвездата од Мали е добитник на наградата „Греми“, амбасадор на добра волја на Обединетите нации, добитник на International Music Award на УНЕСКО и Womex 2017 Artist Award Winner.

Таа е пејачка, композитор и посветен активист за правата на жените во родната Мали и во цела Африка. Родена е во главниот град Бамако и музичка кариера почнала на рана возраст пеејќи традиционални песни. На 20 години го снимила својот спектакуларен прв албум „Moussolou“.

Нејзиниот последен албум „Могоѕа“ многумина го прогласиле за албум на годината во 2017.

– Стилот на пеење на Сангаре е васулу и затоа е позната како „песнопојната птица на васулу“. Тоа е популарен музички жанр произлезен од народните традиции во руралниот југозападен дел на Мали. Токму тој стил ѝ донесе меѓународен успех и со него продолжува да ја доближува васулу-културата и традицијата до светската публика, наведуваат од ОФФест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top