| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска вечер на ОФФест

оф
На ОФФест вечер во Кино Фросина, МКЦ, настапува „Чалгија саунд систем“, состав кој ја негува македонската традиционална музика преку чалгискиот израз, давајќи му современ призвук.„Чалгија саунд систем“ постои од 2008 година, а произлезе од проектот „Калдрма“ во кој учествуваа дел од неговите сегашни членови. „Калдрма“ беше иницијатор на заживувањето на подзаборавената чалгиска музика во Македонија. Во 2009 година групата го издаде својот деби-албум. Во меѓувреме активно се претставува на многу фестивали и концерти.Утре, за завршната вечер на ОФФест, е предвиден концертот на светската музичка сензација – виртуозните музички бунтовници „Тинаривен“. Претходно ќе биде прикажан документарниот филм „Последната песна пред војната“ (The Last Song Before The War).Синоќа, публиката уживаше во неповторливите настапи на португалската фадо уметница Лула Пена и на кантавторката Хинди Зара од Мароко.

Фестивалот почна во четвртокот со концертите на пост-рок составот „Јамбинаи“ од Јужна Кореа и на Басеку Кујате, мајсторот на традиционалниот инструмент „нгони“. Завчера свиреше легендарниот блуз-гитарист Бубакар Траоре од Мали пред чиј настап имаше проекција на документарниот филм „Ќе пејам за тебе” на режисерот Жак Сарасин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top