| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртото коло на Ролан Гарос, откако во маратонски натпревар по четири сета го совлада шпанскиот тенисер Робертo Баутиста Агут.

Ѓоковиќ го одигра најтешкиот натпревар оваа сезона и по речиси четири часа игра победи со 6:4, 6:7, 7:6 и 6:2 по сетови.

Првиот сет му припадна на српскиот тенисер, но вториот сет го доби Баутиста Агут. Останатите два сета ги освои Ѓоковиќ и извојува победа од 3:1 во сетови.

Во осминафиналето српскиот тенисер ќе игра против Фернардо Вердаско, кој со 3:0 беше подобар од Григор Димитров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top