Пари Сен Жермен ќе излезе како победник од трката по Единсон Кавани, откако францускиот шампион се согласи да плати 62 милиони евра, за да го ангажира голгетерот на Наполи и прв стрелец во Серија А.
Кавани има клаузула во договорот според која може да си замине за сума од 63 милиони евра. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис „попушти“ за еден милион по вчерашната средба во Рим со директорот на ПСЖ, Бразилецот Леонардо.
Веднаш по прифаќањето на понудата од страна на првиот човек на Наполи, Леонардо имал средба и со Кавани и со неговиот агент. Иако Уругваецот до неодамна инсистираше негова следна дестинација да биде Челси, понудата за четиригодишен договор вреден осум милиони евра по сезона, сепак го смени неговиот став. Трансферот ќе биде официјализиран денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.