Европскиот суд за човекови права пресуди дека грубо биле прекршени човековите права во тајните затвори на ЦИА на територијата на Романија и Литванија.
Судот пресуди голема компензација за двајцата тужители кои поднесоа претставки за условите на притвор во тие установи. Одлуката на Судот во Стразбур беше објавена денеска.
„Литванија и Романија извршија многу прекршувања на човековите права, дозволувајќи им на американските шпиони незаконски да држат две притворени лица во нехумани услови во тајни затвори на нивна територија“, објави Европскиот суд за човекови права.
Двете земји, исто така, не повеле истрага за тајното притворање и малтретирање на Палестинецот Зеин ал Абидин Мухамед Хусеин, познат и како Абу Зубејда и Абдел Рахим ал Насири, саудиски државјанин со јеменско потекло.
Тие биле приведени од ЦИА во 2002 година, за време на војната против тероризмот водена од американскиот претседател Џорџ Буш по нападите на Ал Каеда во септември 2001 година. Во моментов тие се наоѓаат во затворот Гвантанамо, на Куба
извор: радиослободнаевропа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Доживотна казна затвор за иноваротот кој ја уби новинарката во подморница