| четврток, 6 декември 2018 |

Комеморацијата на стогодишнината од Македонскиот фронт во Првата светска војна

Иако имаше одлучувачка улога во крајот на борбите, Македонскиот фронт во Првата светска војна е тема за која во Франција не постојат големи познавања. Повеќе од три години, од април 1915 до крајот на 1918, сојузните сили заедно со француските борци, се соочуваат со турските, австроунгарските, германските и бугарските трупи. Денес има околу 600 илјади борци од Егејско до Јадранско море, помеѓу Грција, Бугарија, Македонија (тогаш во составот на Србија) и Албанија.

По поразот кај Дарданелите и неуспешното заземање на Константинопол, следува стабилизација на Солунскиот фронт и, дури во септември 1918 година, генералот Франше Деспере ќе ги успее да ги однесе западните сојузници во победа.

Десетици илјади војници почиваат на територијата на Република Македонија. Тие главно им припаѓаат на српската, бугарската, француската и германската војска, но застапени се и други војски: турската, грчката, романската (воени заробеници), италијанската и руската.

Научниот собир се организира од страна на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со поддршката на Мисијата Стогодишнина од Првата светска војна и Регионот Нормандија, а во рамките на програмата Нормандија за мирот.

Предвидени се два големи настани во рамките на оваа манифестација:

  • Меѓународна научна конференција на тема: Заштита за неборците од Македонскиот  фронтот во Првата светска војна до денес (31 мај – 1 јуни) на на тема страдањата на цивилното население, како што се ранетите и воените затвореници, и теми кои се и денес актуелни. Себастијен Ботро-Бонтер, како координатор на проектот, го замисли истиот како плуридисциплинарен настан којшто на едно место ќе собере меѓународни експерти по историја, право, политички науки и тоа со една цел: сочување на сеќавањата со историјата, на минатото со сегашноста, а воедно и да се истакне стравичноста на војната (почеток во среда, 31 мај, во 13:30 часот).

 Поаѓање на Маршот во знак на сеќавање „На магаре долж линијата на Македонскиот фронт“(поаѓање в недела, 3 јуни, во 9 часот, од француските гробишта во Битола)

Точно еден век подоцна, Емануел Рембер, дипломат и писател, и Емануел Ешт, новинар и историчар, предводени од водичот Петар Нолев, на магаре ќе тргнат по трасата на борците од Првата светска војна од 1916 година, долж 240 километри и пеш, од Битола до Солун, според примерот на Робер Луј Стивенсон (Пат со магаре на Севените, 1879) и поезијата на Франсис Џејмс (1868-1938). Попатно, тие ќе водат дневник со најинтересните и највпечатливи мигови на нештата со кои ќе се сретнат, но и на историските места полни со сеќавања.

Емануел Рембер е автор на романите Шапката на Баренц (2009)Немирни денови во Либија (2014), во издание на издавачката куќа Екваторс) и Пирот, земјата на случајноста  (во издание на издавачката куќа Пјер-Гијом д Ру во 2017).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top