| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на НАТО денеска во Македонија

Dirk Brengelmann

Во редовна годишна посета на Република Македонија денеска претстојува МАП тимот на НАТО на високо политичко ниво предводен од помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман.

За време на посетата, предвидено е амбасадорот Бренгелман да оствари средби со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со претседателот на Владата, Никола Груевски, со заменик-претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, како и со министрите за надворешни работи Никола Попоски, за одбрана Талат Џафери и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На средбите, амбасадорот Бренгелман ќе се запознае со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата во насока на целосна евроатлантска интеграција и членство во НАТО.

По средбите со највисоките државни органи, помошникот на генералниот секретар на НАТО ќе оствари заедничка средба и со амбасадорите на земјите-членки на НАТО во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top