| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено судското рочиште за „Тотал“

На барање на адвокатите на новинарот и уредник Драган Павловиќ Латас, поради лични и семејни причини денеска повторно беше одложено судското рочиште за предметот „Тотал“.

Во овој случај Латас е обвинет поради затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал“медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

По неколку одложувања поради здравствени и семејни причини на Драган Павловиќ-Латас, судењето за случајот започна на 14 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top