За денеска е закажано ново рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.
Во обвинителниот акт тој се товари дека побарал поткуп од 160 илјади евра за градежно земјиште од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев додека беше градоначалник на Струмица.
На претходното рочиште во судот, одбраната на Заев побара да се изземат снимките кои беа објавени на Интернет, а се дел од т.н. посебни истражни мерки. Тогаш премиерот изјави и дека размислувале наместо тоа, да ја објават целосната снимка од разговорот за да се дознае целата содржина и вистината. Меѓутоа, се одлучиле да побараат изземање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.