Со најновите јулски проекции Виенскиот институт за меѓународни економски студии изврши нагорно ревидирање на проекциите за растот на бруто домашниот производ (БДП) во Македонија.
За 2013 година проектиран е раст на БДП од 1, 2 проценти (во март 2013 беше проектиран раст од 1, 0 проценти), за 2014 раст од 2, 2 проценти (во март 2013 беше проектиран раст од 1, 7 проценти) и за 2015 раст од 2, 6 проценти (во март беше проектиран раст од 2, 0 проценти).
Инаку Виенскиот институт за меѓународни економски студии е еден од главните истражувачки центри за Централна, Источна и Југоисточна Европа со 40 години искуство.
Во моментов Институтот е сконцентриран на макроекономскиот развој и на структуралните промени, меѓународната економија, пазарот на труд и општествените прашања, како и на одредени прашања кои се поврзуваат со одделен и регионален економски развој.
Инаку, во првиот квартал од 2013 година, во услови кога европската економија беше во рецесија и забележа негативна стапка од 1,2 проценти, македонската економија оствари позитивен раст на БДП од 2,9 проценти. Тоа е четврто најдобро остварување во Европа. Само Латвија, Литванија и Турција имаа повисоки стапки на раст на БДП во првиот квартал во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.