„Работилница“, филмот на Лорен Кантет пристигнува на редовниот репертоар на кината.
Приказната се одвива во Ла Циотат, град на југот на Франција. Антоан учествува во работилница, каде неколку млади и надежни писатели се одбрани да напишат крими трилер со помош на Оливија, која е успешен автор. За задача имаат да ја истражат индустриската историја на местото, која носи носталгија- за што Антоан воопшто не е заинтересиран. Тој е повеќе загрижен за модерниот свет, па набрзо влегува во конфликт со остатокот од групата и Оливија, која упорно се обидува да ја скроти неговата агресивна природа.
Режисерот Кантет и ко-сценаристот Роберт Кампиљо, кој минатата година го одушеви Кан со филмот „120 удари во минута“, ја започнуваат приказната како документарна сторија за малото медитеранско место и убиствата што таму се случуваат за време на индустрискиот развој, за втората половина на филмот да прерасне во мрачен трилер во кој ликовите се борат со своите убедувања, социјален статус и потекло.
Филмот започнува да се прикажува на редовниот репертоар на кината од денес, 29 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
По пауза од 13 години синоќа во Македонска Каменица имаше проекција: „Исцелител“ привлече бројна публика
-
“Недовршена симфонија/Регионална детска филхармонија” филм на авторката Оливера Милош Тодоровиќ
-
Официјална премиера на филмот „Кога денот немаше име“ на 12 октомври во кино „Милениум“