Во интервју за Република ТВ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев за споредбата со Никола Груевски вели:
– Груевски стана градоначалник на Македонија копирајќи го Заев. Ќе ве потсетам, плоштад во Струмица, плоштад во Скопје. Црква во Струмица, црква во Скопје. Гасификација во Струмица, гасификација во Македонија. Преокупиран од тоа што носи резултати, односот кон граѓаните, начинот на приземна комуникација, директно човек на човек, отвореност, нормално политичко опстојување коешто 21 век го бара од современите политичари, тоа значи копирање на Заев од страна на премиерот. Една од причините зошто го поведоа ВМРО-ДПМНЕ е таквиот однос на градоначалникот на Струмица пред струмичани. И апсолутно моето однесување во политиката секогаш било вака отворено, до крај. Некогаш тоа се струполувало врз мојата глава како политичар, но никогаш не ме одвратило да бидам до крај отворен. Тоа што го мислам да го кажам, подготвен сум за корекции. Секогаш не значи дека сум најискусен, најпаметен или што било. Градам ставови, сакам да биде помогнато од поискусни луѓе во тој дел, и сум целосно отворен. Но, она што значи приземност во однесувањето, секојдневна комуникација со обичниот човек, решавање конкретни проблеми коишто се многу семејни, лични на одредени луѓе, го прави современиот политичар достапен за секој граѓанин, а со тоа апсолутно и привлечен за поддршка за време на избори.
Сакате да кажете дека приодот кон политиката ви е ист.
– Најверојатно да, многу сличен.
Целото интервју е на РепубликаТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.