| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!

Како и што беше најавено пред неколку месеци, поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски стана дел од Владата.
Тој е новиот предлог за заменик министер за надворешни работи и доаѓа на местото на Арта Точи од Алијансата на Албанците.
Досегашниот заменик министер во здравството, Гоце Чакаровски ја напушта функцијата и на негово место се предлага да биде избран Асим Муса, од ДУИ.
Заменик министер во транспорт ќе биде кадар на ДПА, Сабдик Бекири, а во труд и социјална политика за заменик министер се предлага Ѓонул Бајрактар од партијата на Турците.

Инаку освен за заменици министри, синоќа до Собранието на РМ се испратени и предлозите за нови членови во Владата. Рената Дескоска е кандидат за министер за правда, Арбер Адеми за министер за образование и наука, Афас Адеми за министер за култура и Бардул Даути кандидат за министер без ресор.

Во Собранието се пратени и оставките кои треба да бидат констатирани – за Билен Салији, министер за правда, Рената Дескоска, министер за образование и наука и Роберт Алаѓозовски, министер за култура.

Од Владата во Собранието вчера се пратени и оставките на замениците-министри – Арта Точи од МНР, Гоце Чакаровски од Министерството за здравство, Арбер Адеми од МОН, Елмир Азири од Министерството за труд и социјална политика и Ремзи Мехмети, заменик-министер за транспорт и врски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top