| четврток, 6 декември 2018 |

Бердих загуби од Ѓоковиќ, ама се сликаше со идолот Немања Видиќ

Томаш Бердих загуби од Новак Ѓоковиќ во четврт-финалето на Вимблдон, ама за утеха барем се сликаше со Немања Видиќ, стоперот на Манчестер јунајтед. Сликата веднаш ја објави на „Твитер“, а вели дека навива за Видиќ и за Манчестер јунајтед.

Berdih

Во текот на мечот со Ѓоковиќ, Бердих имаше шанса да го види и сер Алекс Фергусон, поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“, кој му беше гостин на Ѓоковиќ во ложата предвидена за гостите на Новак. Тука секако беше и Видиќ.

vidic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top