| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Лего со моето его“ на Гордана Винчиќ до крајот на мај во галеријата „Ко-Ра“

Во галеријата „Ко-Ра“ во Домот на градежниците е поставена изложбата под наслов „Лего со моето его“ од Гордана Винчиќ. Станува збор за ликовни дела работени во периодот од 2014 до 2018 година, а вкупно се 500.

– Овој мултимедијален проект е смислен визуелно да искаже еден од бројните начини како човекот може да се инспирира и самиот себеси да се остварува.Секој јунак мора да се одповика на предизвикот, но по патот треба да тргне сам. На тој пат како Одисеј тој ќе доживее и ќе сретне, но одлуката што ќе прави е само негова, и само така на крај тој дома ќе си дојде. Одисеј се посветува на архетипското значење на симболиката , нејзините пораки,сништата и сето тоа го процесира и донесува одлука, црпејќи и комуницирајќи со божественото. Одисеј на тој пат од животна важност наоѓа простор и за игра на островот на Калипсо тој се предава на сите можни декаденции и уживања до последната капка. Но сепак повикот негов го буди, и нова снага му дава по тоа што тој одлучил да оди. И тој прави лего од своето его. Мојата игра со самата себе ми помага да станам јунак, да се запознам и почувстувам на божествен начин. Мојата игра е запишана во моите дела преку линија, форма, нарација и ритам. Воедно таа игра е рефлексија од моите автентични доживувања и средби. Во текот на творечкиот процес се раѓам и играм една провокативна игра поттикната од сентиментот и егото. Овој дел од опусот е мојата длабока потреба по една духовна аватура, а самата креација ми го носи бараниот мир кој е истовремено спремен повторно да биде немир. Алхемискиот процесот на пресоздавање симболично раскажува преку змијата наречена ороборус дека кој сам себе за опаш се гризе континуирано се пресоздава и повторно се раѓа.Така и мојата внатрешена ороборусен процес настојувам да биде и игра да продолжам, по тоа што јас сакам. Со мојата креација се остварувам, вели авторката Гордана Винчиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top