| четврток, 6 декември 2018 |

Регина Сајков со „АмстерДама“ ја донесе винтиџ облеката од Холандија во Скопје

Од 15 до 20 мај во скопската галерија „Акантус“ се одржa групната изложба „Ретро – Сребро – Фото“ во којa се споија „АмстерДама“, дизајнерката на накит Ксенија Котев и фотографот Едвард Станковски.

Се одржа промотивна продажба на АмстерДама, партнерска двојка која живее и работи во Амстердам. АмстерДама има симпатична желба и волја да ја пренесе културата на second hand shopping, која е исклучително популарна во Амстердам. Станува збор за фина селекција на автентинтични парчиња женска и машка гардероба, која според АмстерДама ги допира ретро, винтиџ, тренди и авангардната мода. Разговаравме со Регина Сајков, која заедно со Едвард Станковски се тимот кој ја донесе АмстерДама во Скопје.

Во галерија „Акантус“ се одржа „Ретро-сребро-фото“…Вие бевте дел од ова, па ни кажете подетално за што станува збор?

– Се работи за настан кој траеше една седмица,од 15ти до 20ти мај, при кој, скопската публика се запозна со три имиња, АмстерДама, Котев Ксенија и Едвард Станковски.
АмстерДама има симпатична желба и воља да ја пренесе културата на second hand shopping , која е исклучително популарна во Амстердам. Во оваа прилика направивме фина селекција на автентинтични парчиња женска и машка гардероба. Ретро, Винтиџ , Тренди и Авангардно .

Во духот на дотерувањето, АмстерДама ја има на гости дизајнерката на накит Ксенија Котев. Присутните можеа да уживаат во сребрената страст на Ксенија и нејзиниот накит кој повторно ве доведува до искушение.

Финалниот декор го има уметникот Едвард Станковски, кoј повеќе од 25 години живее и работи во Амстердам, а пред скопската публика се претстави со изложбата ” La Femme Obscure”. Во центарот на оваа изложба е жената, нејзината убавина, сензуалност, таинственост и сила.

Како дојдовте на идеја да го направите ова?

– Веќе повеќе од 2 години, јас и мојот партнер работиме со гардероба од втора рака во Амстердам. Таму одлично се продава и интересот кај младите луѓе е огромен за овај вид на облекување. Со тек на време, нашите пријатели од Македонија следеа што продаваме и посакаа да донесеме нешто и во Македонија. Така, минатото лето  следеше една продажба во кафулето Радио Бар во Дебар маало и одговорот беше одличен. Многумина не’ охрабрија да продолжиме да носиме нови интересни парчиња. Така и бидна. Еве не повторно и оваа пролет/лето сезона.  После 3 седмици продажба во Јавна Соба , следуваше  Галерија “Акантус” , а се надеваме дека ќе има уште многу повеќе организирани продажби на обострано задоволство.

Подолго време живеете во Амстердам и овојпат сакате да ја пренесете културата на second hand shopping . За каква облека станува збор? Како се организира тоа во Холандија?
– Продажба од втора рака не е ново на пазарот но стана посебно популарно откако се зголеми побарувачка на Винтиџ облека, што значи носена облека, но со добар квалитет и нешто кое повеќе неможе да се најде во комерцијалните брендирани дуќани и шопинг молови, а по цена која е далеку пониска. Истовремено, тука се работи и за свесноста да се рециклира облеката, да не се подржува хипер продукција, која многу често се одвива во нехумани услови за ниски примања како и експлоатација на детски труд во одредени земји .
Холандија, поточно во Амстердам, моментално го има најголемиот маркет за втора рака, што покажува дека е одлично прифатено и организирано. Најчесто облеката се наоѓа кај различни снабдувачи на големо , кои пак истата ја добиваат преку откупни центри кои ги има насекаде во Холандија. Таму најчесто , кога луѓето сакаат да се ослободат од вишокот на гардероба и да направат место во своите плакари , ги носат во тие центри, кои понатаму ги доставуваат до снабдувачите. Весело е да се биде дел од ваква приказна, затоа што луѓето кои доаѓаат да купуваат на овие маркети, се секогаш опуштени насмеани едноставни и забавни. За нив уживање е да си најдат некое убаво квалитетно парче облека за одлична цена.

Имате ли некои информации за тоа како на ова се гледа во Македонија? Сметате ли дека ќе предизвикате интересирање?
– Уште минатата година разбрав дека веќе има повеќе продавници низ Македонија кои продаваат од втора рака, што мене лично ме израдува и мотивира. Моето искуство досега е  позитивно затоа што оние кои немаат бариера кон носени алишта, доаѓаат купуваат дури и пофалуваат. Но, има и луѓе кои не сакаат да купуваат ваква облека, што е личен избор на секого и тоа е во ред. На моја голема радост, интерес веќе има и се’ повеќе луѓе ги посетуваат продажбите.

Има ли можеби посебни желби од некои ваши клиенти? Можеби некакви нарачки?
– Да, има.
Најчесто младите луѓе бараат хипстерски јакни, кои ги продадов во еден ден, па сега посакуваат уште , за оние кои не успеаа да ги фатат на време. А од женската популација бараат повеќе летно-свежи фустани за претстојната сезона. Морам да нагласам дека исклучиво носам по едно парче во една големина, па тоа донекаде е предизвик , да се погоди и моделот и големината, затоа најчесто се порачува поголем или помал број од одредено парче но за жал секој модел го набаваувам само во една големина, па на кого му е среќата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top