| четврток, 6 декември 2018 |

Пипа Мидлтон ептен го згреши фустанот за кралската свадба

Дамите кои присустуваа на венчавката на Меган и принцот Хари најчесто беа облечени во многу интересни креации со едноставен крој, но со живи бои. Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, одбра фустан во две пастелни бои, со цветен дезен и предизвика бура од коментари.

За многумина, фустанот кој таа го носеше на венчавката многу потсетувал на амбалажа на еден популарен американски пијалок со вкус на зелен чај, од брендот „Аризона“. Лименката со чајот е исто така во пастелна боја, а дезен е многу сличен со оној на фустанот на Пипа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top