Девојката на принцот Хари е поканета на свадбата на сестрата на принцезата Кејт. Но, постои еден услов кој треба да го исполни.
Пипа Мидлтон ја покани Меган Маркл, на свадбата која ќе се одржува слениот месец, но на нејзината покана стои едно правило. Актерката нема да присуствува на венчавката во црквата во Беркшир, бидејќи нема вереник или сопруг.
Правилото на црквата е дека може да присуствуваат само сопружници и вереници за време на размената на заветите. А, бидејќи Меган и Хари не се верени, таа ќе ја пропушти церемонијата.
Актерката ќе му се придружи на принцот на официјалната веселба за венчавката која се одржува еден ден подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.